Првиот човек на Вардар им врати на кавадарчани (Фото)

Вардар е на чекор од освојување на титулата. Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија има шест бода пред второпласираната Шкендија, а до крајот на првенството има уште три кола. Вардар веќе шест години чека да го врати шампионскиот пехар во своите витрини, а сега е потребно само да го направи завршниот чекор.

Сепак, не сите се сложуваат со тоа како Вардар е лидер на табелата во Прва лига. На денешниот меч во Кавадарци меѓу Тиквеш и Арсими, домашните навивачи, популарните „Лозари“ истакнаа провокативна кореографија, на која не требаше да помине долго време, а да стигне првата контра-реакција и тоа од првиот човек на Вардар, Миленко Неделковски.

Претседателот на Вардар испрати „отровни стрели“ кон клубот од Кавадарци кој се бори за опстанок во Прва лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести