Подолски на 40 години го исполни тоа што го ветил на својата баба

Лукас Подолски е фудбалер кој повеќе од 20 години е дел од светската сцена. Каде и да играл, Подолски имал успеси. Со Келн влезе од втора лига во Бундеслигата, а потоа освојуваше трофеи како играч на Баерн Минхен, Арсенал, Галатасарај, Висел Кобе, а беше и светски првак со Германија во 2014 година.

На залез од кариерата Подолски се врати во родната Полска и го облече дресот на Горњик Забже. Викендов, 40-годишниот Подолски со Горњик Забже го освои трофејот во Купот на Полска. Во финалето, Горњик Забже со 2:0 го победи Раков. Подолски во игра влезе во 90 минута и изнудио црвен картон.

По победата, тој им се заблагодари на навивачите, ветераните на клубот и на својата баба, на која ѝ ветил дека ќе се врати со трофеј. Горњик Забже со оваа победа обезбеди учесто во Лига на Европа за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести