Албумот со сликички за Евро 2020 е тука, од утре во помасовна продажба, познати се цените

Продажбата на официјалниот албум со самолепливи сликички посветен на Европското првенство во фудбал почна да се продава, денеска само во продавницата на „Свет“ во центарот на Скопје, а од утре ќе може да се најде на повеќе места во главниот град. Дистрибуцијата низ Македонија стартува од понеделник.

Албумот чини 80 денари, цената на едно пакетче е 40 денари, а во него има по 5 сликички. Со самиот албум добивате 6 гратис сликички. За комплетирање на албумот ви требаат вкупно 668 сликички.

Учеството на Македонија на Евро 2020 предизвикува огромен интерес за албумот не само кај стандардните колекционери туку и кај пошироката јавност. Многумина сакаат да го имаат првиот албум во кој се појавува македонската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести