Алегри е јасен: Треба да го наградиме Алекс Сандро што доби црвен картон

Јувентус е во една од најдобрите серии во последно време откако спои пет победи по ред во Серија А. Старата дама вчера се намачи, но на крајот славеше на гости кај Верона со 1:0, а тренерот Масимилијано Алегри има посебен херој на овој дуел.

Според Алегри, клучен момент за победата на Јувентус е тој во 92-рата минута, кога Алекс Сандро го фаулираше домашниот фудбалер и не му дозволи да влезе во гол-шанса. Според Алегри, тој направен фаул е исто како играчот на Јувентус да постигнал гол.

„Да не го направеше фаулот, на крајот ќе беше нерешено. Потегот на Алекс Сандро е како да постигнал гол. Треба да го наградиме, а не да го казниме“, беше коментарот на Алегри.

Инаку бразилскиот дефанзивец во игра влезе во 79-тата минута, а во 81-вата минута веќе доби жолт картон, па во 92-рата му бише покажан директен црвен картон, што значи дека го очекува суспензија од најмалку два меча.

Целата ситуација по која Алекс Сандро доби црвен картон може да ја видите ТУКА. 

 

- Оглас -

Најнови вести