Алегри: Еден час игравме очаен фудбал

Јувентус успеа со пресврт во последните половина час да се извлече од канџите на заслужен пораз против Лацио, а признание за лошата игра на шампионот стигна и од тренерот Масимилијано Алегри.

„Еден час бевме очајни на теренот. Погрешив што го ставив Емре Џан на позиција последен играч за врска, но и тоа се случува. Во Рим го одигравме најлошиот час сезонава и ако нешто е добро, тоа е што сепак успеавме да победиме“, изјави Алегри.

Јувентус сега е пред нов голем испит, овојпат во  националниот куп на Италија. Задутре ќе гостуваат во Бергамо, кај одличната екипа на Аталанта во нокаут-меч од четврт-финалето.

„Мора да поправиме доста работи во играта. Во првиот состав ќе се врати Миралем Пјаниќ, но ќе биде многу тешко против тим како Аталанта“, додаде Алегри.

Јувентус има многу мака со гостувањата во Бергамо и на последните четири меча, трипати одигра нерешено, 2-2, а само еднаш победи со 1-0.

- Оглас -

Најнови вести