Алегри: Интер и понатаму е фаворит за скудетото, но само до вечерва!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, упати провокација до ривалот Интер пред вечерашното „Дерби на Италија“ во Торино.

Алегри постојано тврди дека Интер е главен фаворит за титулата во Серија А, а така е и сега, но после вечерашниот меч, веќе немало да биде така. Популарниот Макс, и натаму не верува дека Старата дама може да се пробие до првото место.

„Интер и понатаму е фаворит за Скудетото, барем до вечерва. Милан е добар, Наполи истотака, титулата ќе ја освои еден од овие три тима. Наша цел е да се пласираме во ЛШ, има уште осум кола, тоа е многу бодови, мора да останеме фокусирани“ – изјави Алегри.

Трката за титулата е интересна. Милан има 66, Наполи 63, Интер 60, а Јувентус 59 бода, со тоа што Интер има и еден меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести