Алегри на мака: Бонучи неизвесен за првиот дуел со Атлетико

Леонардо Бонучи вчера ги повреди лигаментите на десната нога во дуелот против Лацио, па засега е неизвесно дали ќе биде подготвен за првиот дуел против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Италијанецот вчера од „Олимпико“ излезе на патерици не можејќи да гази со десната нога, денес ја започна рехабилитацијата, но Макс Алегри стравува дека ќе мора без него да патува за Мадрид.

Предводникот на „старата дама“ сега има маки бидејќи ќе биде принуден да го игра Ругани или пак Касерес на позицијата од Бонучи, додека Бенатија следниве денови ќе го напушти Торино и ќе се пресели во Катар.

Првиот од двата натпревари против Атлетико во Лигата на шампиони е закажан за 20-ти февруари, додека реваншот на „Алијанц стадионот“ е закажан за 13-ти март.

- Оглас -

Најнови вести