Алегри објасни зошто го остави Влаховиќ на клупа против Фиорентина

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ја објасни својата одлука да го остави Душан Влаховиќ на клупата на гостувањето против Фиорентина.

Србинот токму од редовите на Виолетовите прејде кај Старата дама, но непријателски настроената публика во Фиренца не е причината што Алегри го поштеди Душан.

„Душан играше неколку меча по ред, сакав да го одморам, и чувствував дека Милик може да пружи нешто поинакво, а не само да постигне гол. Освен тоа, бевме принудени во текот на мечот да направиме некои непланирани измени, па Душан цел меч остана на клупа“ – изјави Алегри.

Во вторник Јуве игра против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, и на тој меч би требало во нападот стартер да биде Влаховиќ кој сезонава даде веќе четири гола.

- Оглас -

Најнови вести