Флорентино блефираше, сепак Олисе е ѕвездата за која би платил минимум 150 милиони

Мајкл Олисе е фудбалерот за кој Реал Мадрид во вторник ќе понуди отштета од 150 милиони евра за да го откупи и да стане член на Кралскиот клуб.

Синоќа претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, рече дека во вторник ќе понуди 150 милиони евра (што би било рекорд на Реал Мадрид) за играч кој е суперѕвезда и кој е од голем клуб. Велеше дека не е играч од Премиерлигата и дека игра во средина и напад. Спомна дека е ни Олисе, ни Кејн, како ни Халанд. Сепак тој блефираше и не сакаше да го открие името, се шпекулираше со играчи на ПСЖ, но денеска стана јасно дека е Олисе. 

Доколку трансферот се реализира, Олизе би станал најскапиот играч во историјата на Реал МадридБаерн Минхен го потпиша францускиот интернационалец од Кристал Палас во летото 2024 година за 52 милиони евра. Тој го покажа својот потенцијал во својата прва сезона во германското првенство, но во последните месеци направи значаен скок напред, етаблирајќи се како еден од највредните играчи во светот.

Десното крило е идеално место за играта на Олисе, позиција каде што Реал Мадрид е „тенок“ со неискусниот Мастантуоно и Родриго по потреба. Трансферот нема да биде лесен, бидејќи Баерн е финансиски стабилен клуб без потреба од продажба на важен играч, иако повремено, кога се појавуваат можности на пазарот, тие не се двоумат скапо да продадат ѕвезда. Од Баерн неодамна порачаа дека не би ги продале ни за 200 милиони, а има шпекулација дека 150-те милиони од Реал може да бидат почетна сума, ако бидат одбиени, не е исклучено подоцна да понудат и повеќе.  

- Оглас -

Најнови вести