Македонскиот фудбалски стручњак Игор Ангеловски, имаше успешно деби како селектор на Таџикистан. Човекот кој ја водеше Македонија на Европското првенство во 2021 година, од неодамна (пред неполни два месеци) е во Таџикистан, а на првиот меч како селектор таму, денеска славеше против Индија со 3-1.
Таџикистан после победава, ќе биде на 100-тото место на ФИФА листата. На 9-ти јуни, Таџикистан ќе има уште една контрола против Индија.

