Германскиот тенисер и треторангиран во светот, Александер Зверев, се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Франција.
Во полуфиналниот натпревар на „Ролан Гарос“, 29-годишникот го победи 27-миот на АТП листата, Чехот Јакуб Меншик, со 7-5, 6-2, 3-6, 6-3.
Популарниот Саша стигна до финалето на „Ролан Гарос“ по втор пат во својата кариера (првиот пат беше во 2024 година), а тоа ќе му биде четврто гренслем финале. Тој сè уште нема освоено гренслем титула.
Противник на Зверев во финалето ќе биде победникот од натпреварот меѓу Италијанците Флавио Коболи и Матео Арналди. Во отсуство на Синер, Алкарас и Ѓоковиќ, секако Зверев во финалето ќе биде голем фаворит и на прагот е на толку посакуваниот трофеј. Може да стане прв Германец по Борис Бекер во 1996 кој освоил гренслем.

