Второто машко полуфинале на „Ролан Гарос“ нема да се игра

Италијанскиот тенисер Матео Арналди, кој е на 104-то место на АТП листата, го предаде полуфиналето на Отвореното првенство на Франција поради вирусна инфекција. Тој требаше да игра против сонародникот Флавио Коболи (АТП број 14), но ништо од тој италијански дуел.

Коболи ќе игра во финалето против Германецот Александар Зверев. Ова ќе биде негово прво финале на гренслемите. Коболи кој од понеделник ќе биде во Топ 10 на светската ранг листа, досега во кариерата има една победа над Зверев на четири меѓусебни дуели. 

- Оглас -

Најнови вести