Милан одигра солидна сезона и е на прагот да си обезбеди место за настап во Лига на шампиони на есен. Токму затоа, тренерот Масимилијано Алегри има план да донесе неколку засилувања во летниот преоден рок. По разговори со челниците на клубот, станало јасно дека Алегри главниот фокус за засилување во нападот го насочил кон англискиот премиерлигаш Арсенал.
Фаворит на Алегри е Габриел Жезус. Бразилскиот офанзивец не е во прв план кај тренерот Микел Артета. Тој е дури трет избор за централен напаѓач, после Ѓекереш и Хаверц, па јасно е дека и самиот Жезус би сакал да си замине некаде каде што ќе добива поголема доверба да биде на теренот.
Актуелниот договор на Жезус со Арсенал е до 2027 година, што значи дека летово е вистинска можност на Топчиите да го продадат и дури да заработат некоја пара од играчот кој не е им е во фокусот, а Милан тука е главен фаворит за преземање на услугите на Бразилецот.

