Алегри шокира, но реален е: Целта на Јувентус не беше титула, туку да влезе во топ 4

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, изјави дека реалната цел пред тимот е да се бори за место кое води во Лигата на шампионите, а не за Скудето во Серија А. После поразот дома од Аталанта, а само неколку дена и од Челзи во ЛШ, критиките кон тимот се жестоки.

Јуве е осми на табелата во италијанската лига со 7 бода помалку во однос на бројот на бодови кој го имаа минатата сезона со Андреа Пирло на клупата после 14 кола.

„Не ги користиме шансите кои ги создаваме. Аталанта имаше еден удар, ја искористи нашата грешка, и победи. Имаме многу добар состав, но некогаш тешко даваме голови. Постои анксиозност, играчите избрзуваат. Никогаш не сум сметал дека сме фаворити за титулата. Целта е да се избориме за топ 4. Ако бидеме реални, и притисокот ќе се намали. Штом сме на оваа позиција после 14 кола, значи ова ни е нивото во моментов” – рече Алегри.

- Оглас -

Најнови вести