На ажурираната ранг листа на ФИФА, нов број 1 е светскиот шампион Аргентина, но тоа не е добра вест за Гаучосите. Киксевите на Франција и Шпанија синоќа, ја качија Аргентина на чело и веројатно таму ќе остане до почетокот на Мундијалот.
Токму тоа не е добро за Аргентина. Постои едно проклетство кое трае долго време. Селекција која била прва на листата на ФИФА на влезот на Мундијал, никогаш не освоила Светско првенство.
Франција по поразот од Брегот на слоновата коска, падна за две места, паѓајќи од прво на трето. Нерешениот резултат на Шпанија против Ирак ја остави Црвената фурија на второ место. Доколку Шпанија победеше, ќе го заземеше првото место. Сепак, пласманот може да се промени пред почетокот на Светското првенство. Најновата листа ќе биде објавена на еден ден пред СП.
Франција има контрола в понеделник против Северна Ирска, Шпанија ќе се соочи со Перу во последните тестови. Во меѓувреме, Аргентина ќе мора да го одбрани новостекнатото водство со играње на два пријателски натпревари против Хондурас и Исланд.

