Светската фудбалска федерација ФИФА објави една голема новина, за време на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, играчите од двата тима додека ги слушаат и пеат националните химни, ќе бидат свртени едни кон други во кругот во средина на теренот.
Ова го објави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
„Сите играчи и судии ќе стојат еден спроти друг на центарот на теренот за време на националните химни, што ќе помогне да се создаде момент на единство и гордост“, рече Инфантино.
Ова значи дека играчите од почетните состави нема да се редат во ист ред пред централната трибина, како што е случајот досега, туку некои од играчите ќе гледаат и кон трибините зад головите и кон онаа спроти главната.
Во подоцнежната фаза, пред мечевите ќе има и чад во боите на знамињата на двете земји кои ќе играат на тој меч, како и користење на други пиротехнички средства за шоу.

