Алегри со изјава што ќе ги налути навивачите на Јувентус

Само со еден бод од три меча во Серија А, Јувентус го има најлошиот старт во последните 50-тина години. Старата дама вечерва ќе ја има шансата за првата победа во новата сезона, и тоа на гостувањето во Шведска кај Малме, во првиот меч од Лигата на шампиони.

Во досегашните два меча против Малме, Јувентус има две лесни победи од по 2:0, а италијанскиот гигант и вечерва е фаворит. Тренерот Масимилијано Алегри вели дека неговиот тим не го гледа меѓу фаворитите за освојување на европскиот пехар.

„Во последните неколку сезони бевме меѓу екипите коишто ја имаа фаворитската улога, но тоа беше поради двете финалиња што ги игравме во последните седум години. Сега, кога зборував со претседателот на клубот, констатиравме дека нашата цел е да стигнеме до четвртфиналето во ЛШ. Потоа може сè да се случи. Ние оваа година не сме фаворити во ЛШ, но тоа не значи дека не сакаме да го освоиме трофејот“, рече Алегри.

 

- Оглас -

Најнови вести