Алегри: Влаховиќ донесе карактеристики кои Јувентус претходно ги немаше

Душан Влаховиќ е моќно оружје во нападот на Јувентус, младиот Србин со головите во дресот на Старата дама покажува дека е одличен напаѓач, а пофалби доби и од тренерот Масимилијано Алегри.

„Влаховиќ има некои карактеристики, карактер како и квалитети, кои составот на Јувентус ги немаше претходно. Сака да победува, сака да учи, многу трча, и сето тоа му носи добро и нему и на тимот“ – вели Алегри после тешката победа кај Емполи.

Јуве е на седум бода минус во однос на лидерот Милан, а Алегри инсистира дека титулата не е можно да се освои.

„Убеден сум дека се потребни барем 84-85 за Скудето. Наша цел е да бидеме меѓу четирите најдобри. Мора да бидеме константни, бидејќи Аталанта, Фиорентина и Лацио се тука. За титула ќе се борат Милан, Интер и Наполи“ – смета Алегри.

- Оглас -

Најнови вести