Алекс Фергусон наместил натпревар од Лигата на шампионите?!

Италијанскиот менаџер Џузепе „Пино“ Паљара го обвинил менаџерот на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, дека наместил еден натпревар против Јувентус од Лигата на шампионите и за тоа бил награден со скапоцен часовник од 40.000 евра.

Овие шокантни обвинувања на сметка на легендарниот Ферги, Паљара ги кажа за време на сослушувањето на суд, каде што е поради наместени фудбалски мечеви и други неправилности. Покрај него и уште еден агент, обвинет е и помошниот тренер на Барнсли, Томи Рајт.

Не е познато за кој меч Манчестер – Јуве станува збор, но Паљара открил дека Сер Алекс за услугата добил „Ролекс“ вреден 40 илјади евра. Паљара ова го кажал на состанок со новинарка, која лажно му се претставила како член на управата на Јунајтед. Во местење мечеви наводно се вплеткани и Стив Мекларен, Хари Реднап и Нил Ворнок.

- Оглас -

Најнови вести