Алекс Фергусон по 40 години конечно ќе го добие медалот за освоениот европски трофеј со Абердин

Сер Алекс Фергусон е еден од шесте членови на Абердин кои ќе добијат медали за освоениот трофеј во Купот на победниците на куповите од 1983 година.

Најтрофејниот тренер на сите времиња, негови соработници и резервни играчи од тоа време, вечерта кога се освои титлата во КПК не добија медали, па дури сега, на 12 мај, на 40-годишнината од големиот успех, УЕФА ќе ја исправи неправдата.

Во тоа финале во Гетеборг во 1983 година, Абердин го победи Реал Мадрид со 2-1, а медали добија само 11-те стартери на Абердин и пет резервисти.

- Оглас -

Најнови вести