Алекс Овечкин го надмина и Вејн Грецки

Хокејарот на Вашингтон капиталс, Александер Овечкин, со голот со кој му помогна на својот тим да победи на гостувањето кај Њујорк ајландерс, стана првиот хокејар во историјата на НХЛ лигата со 45 или повеќе голови во десет различни сезони.

Неверојатниот 33-годишен Русин, ги надмина легендите Вејн Грецки и Мајк Боси, кои имаа по девет сезони со барем 45 гола. Марсел Дионе и Марио Лемју имаат по 8.

Руската машина за давање голови, дури 106-ти пат во кариерата постигна гол за победа не неговите тимови во НХЛ. Сезонава тој има 45 гола на 64 меча (има и 30 асистенции) и ако продолжи во ист ритам, сезонава ќе даде 57 гола. Ако успее да даде над 50 погодоци, Овечкин ќе има осум сезони во кариерата со постигнати над 50 гола, и ова може му биде најефикасна сезона после онаа пред 11 години. Минатата сезона немаше среќа и ја заврши со 49, но сега е на добар пат повторно да оди над 50.

- Оглас -

Најнови вести