Алексис не ги импресионира Црвените ѓаволи, ќе мора да игра за пола плата од идната сезона

Алексис Санчес воопшто не ги импресионира Црвените ѓаволи со игрите во Интер и речиси сигурно е дека Манчестер јунајтед би прифатил Чилеанецот да остане на „Џузепе Меаца“ како постојан член на Нераѕурите.

Оле Гунар Солскјер воопшто не е заинтересиран да го врати назад Санчес ако Интер летово не сака да го откупи неговиот договор што е важечки со Манчестер јунајтед.

Дури и Интер да сака да го задржи офанзивецот, најавено е дека ќе сака да му ја намали платата најмалку за половина. Санчес имаше неверојатно високи примања од околу 500 илјади евра неделно во Англија, плус и можни бонуси од 200 илјади евра, во зависност од индивидуалниот и клупски учинок.

Интер се согласи да му плати на Санчес само околу 5 милиони евра од вкупно 22, што според договорот би ги земал Чилеанецот ако останеше да игра за Јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести