Алексис Санчес: Бев блиску до потпис за Манчестер сити, ако прејдев таму, ќе ја освоевме Лигата на шампионите!

Чилеанскиот напаѓач Алексис Санчес во летото 2018 година од Арсенал се пресели во Манчестер јунајтед, а сега тој вели дека ако прејдел во Сити наместо во Јунајтед, со Граѓаните ќе ја освоел Лигата на шампионите.

Сити нема титула во најсилното клупско натпреварување во Европа. Менаџерот Пеп Гвардиола сакаше да го донесе Алексис на „Етихад“, со него работеше и во Барселона, работата беше речиси готова, но преговорите во последен момент пропаднаа, па Санчес ја прифати понудата од Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо.

„Бев готов да одам во Сити, секој ден разговарав со Гуардиола, ми честиташе роденден, ми беше како татко во Барселона. Требаше да биде размена, јас да одам во Сити, а еден имаше играч од Сити да замине во Арсенал. Но, Арсен Венгер ми кажа нема да си одам бидејќи другиот не сакал да дојде во Арсенал. Веднаш потоа ми заѕвони мобилниот, беше Мурињо кој ми кажа дека дресот на Јунајтед со бројот 7 ми го нуди мене“ – открива Санчес.

„Не беше прашање на пари. Во Јунајтед ми ја понудија седумката, тимот играше во ЛШ, но му дадов збор на Гвардиола. Сепак, станав прв Чилеанец во Јунајтед, плус тоа со бројот кој го носеле Кантона, Бекам, Роналдо, тоа ми беше како сон. Не жалам што отидов во Јунајтед, но би сакал да одев во Сити. Да отидев, досега ќе ја имавме освоено Лигата на шампионите“ – смета Санчес кој сезонава игра за француски Марсеј.

- Оглас -

Најнови вести