Алексис Санчес во Интер се чувствува како автомобил заглавен во длабока кал

Чилеанскиот напаѓач, Алексис Санчес, не е среќен со својата минутажа во Интер, и во клубот се чувствува како скап автомобил заглавн во длабока кал. Санчес не добива многу прилики од новиот тренер Симоне Инѕаги, и јасно кажува дека сака да си замине од клубот во кој дојде во 2019 година од Манчестер јунајтед.

Напаѓачот прво им беше резерва на Лукаку и Лаутаро Мартинес, а сега по заминувањето на Белгиецот, пред него се и новодојдените Џеко и Хоакин Кореа.

„Можете да вредите многу, но ако сте на погрешно место, нема да засјаете“ – напиша Алексис кој даде до знаење дека мисли оти е на погрешно место.

- Оглас -

Најнови вести