Алексис Санчез е најлошото засилување во историјата на Јунајед

Манчестер јунајтед вчера повторно испушти два бода на домашен терен, против Вулверхемптон одиграа само 1-1. Избраниците на Жозе Мурињо одново потфрлија, а навивачите посочуваат само еден виновник за слабите резултати на својот тим. Имено, Алексис Санчез го избраа за најлошо засилување на екипата во историјата, Чилеанецот доби непосакувана етикета, која ако продолжи со оваа форма, тешко дека ќе ја отстрани.

Санчез пристигна во јануари како дел од размената со Арсенал и Хенрик Мхитаријан. Од тогаш, настапи на 23 лигашни натпревари и постигна само три погодоци, едноставно премалку за играч кој е најплатен во Премиер лигата. Санчез заработува неделно 450.000 фунти, и никако не ги оправдува средствата. Чилеанскиот фудбалер е непрепознатлив, покажува многу послаби партии од времето кога играше за Барселона и Арсенал, и тотално ја разочара публиката на „Олд трафорд“.

„Сенка од она што некогаш беше“, „уште еден Фалкао, играч кој живее на стара слава“ –  се дел од негативните коментари кои фановите на Јунајтед ги истакнаа по ремито против „волците“.

Вина има и кај Мурињо, упорно го форсира во почетните 11 од меч за меч, а од Санчез нема никаков ефект. Ниту да создаде проблеми на противниците, ниту да креира шанса за гол, а португалскиот стратег на клупа ги чува Марсијал и Рашфорд, двајцата офанзивци кои во моментов можат да понудат многу повеќе од Санчез.

- Оглас -

Најнови вести