Алергичен е на трева, но успеа да стане фудбалер

Дани да Коста е 26-годишен дефанзивец на Ајнтрахт Франкфурт, кој во текот на текот на секој меч се соочува со неверојатен предизвик. Тој е алергичен на трева и на секој допир со тревата, добива осип. Сепак, Да Коста решил да биде фудбалер, а со тоа и да има контакт секојдневно со тревата.

За да се заштити од тревата, фудбалерот секогаш носи маица со долги ракави, дури и кога игра преку лето, кога температурите се преку 30 степени.

„Секогаш носам маица со долги ракави под дресот. Не знам од каде ми се појави таа алергија кон тревата. Како дете имав неуродермитис, но мислам дека тоа нема врска со оваа алергија“, вели Да Коста, кој сепак не може да го заштити целото тело, па дел од нозете му се „голи“ за време на мечот. „За среќа чешањето и иритацијата на нозете е подносливо, за разликa од сите останати други делови на телото“, објаснува фудбалерот со необичен проблем.

И покрај овој проблем со тревата, Да Коста одлично се снајде во тимот на Ајнтрахт, па за помалку од една година неговата цена на фудбалскиот пазар скокна од 10 милиони евра, на 15 милиони евра.

 

- Оглас -

Најнови вести