Алиоски е стартер против Арсенал, Лидс ќе се обиде да им донесе трета среќа на домаќините

Езџан Алиоски е стартер против Арсенал, а Лидс со него во почетниот постав од 17.30 часот ќе се обиде да ја прекине мини-серијата од успеси на гостинските екипи денеска.

Евртон го победи Фулам во Лондон со 3:2, а потоа и Вест Хем како гостин беше подобар од Шефилд јунајтед со голот на Себастијан Халерво 56. минута.

Сега на ред е Алиоски и Лидс да се обидат да го изненадат фаворитот од Лондон и да донесат трета среќа денеска за домашните екипи.

Лидс има лош биланс против популарните Топчии и нема победа во меѓусебните дуели со Арсенал од 2003 година. Во тој период фаворитот забележа шест победи и еднаш ремизираше против Лидс.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести