Алиоски и Лидс на 20 јуни се враќаат во акција

Второто по ранг фудбалско натпреварување во Англија најверојатно ќе ја продолжи сезоната на 20 јуни, истиот викенд кога ќе почне и Премиер лигата.

Фудбалската асоцијација даде зелено светло за продолжување на првенството, но сега треба да одобри и Британската влада. Секако, тоа подразбира и создавање протокол и заштитни мерки против ширење на ковид-19, а на тоа допрва треба да се работи.

Пред неколку дена се донесе одлука Премиер лигата да се врати со натпреварување на 17 јуни, со двата последни меча од 29-тото, додека на 19 и 20 јуни да се одигра редовното 30-то коло.

Шампионат лигата застана во средината на март по 37 одиграни кола, со Лидс јунајтед на Езѓан Алиоски како лидер на табелата со 71 бод, еден повеќе од второпласираниот ВБА.

- Оглас -

Најнови вести