Кошаркарската Евролига објави дека ги срушила сите рекорди за гледаност на телевизија, број на навивачи на натпреварите и следење на лигата на социјалните мрежи во тековната сезона.
„Социјалните медиуми, посетеноста на арената и гледаноста на телевизија достигнуваат рекордни нивоа. Редовната сезона на Евролигата за сезоната 2025/26 постави нов стандард на сите платформи за ангажман на навивачите, остварувајќи рекорден раст на телевизиската гледаност, дигиталниот дострел и посетеноста на арената“, се вели во соопштението на Евролигата.
Статистиката покажува растечки глобален интерес. Вкупно има над 508 милиони телевизиска публика, надминувајќи 1,4 милијарди прегледи на социјалните видеа за прв пат, додека низ арените во Евролигата на трибините продефилираа над 3,25 милиони гледачи.
„Овие достигнувања колективно ја одразуваат забрзаната меѓународна експанзија на Евролигата и нејзината зајакната позиција како едно од водечките спортски натпреварувања во светот“, велат од Евролигата.
2025–26 EuroLeague Regular Season breaks all historic records 📈 pic.twitter.com/dFNffXGlSt
— EuroLeague (@EuroLeague) May 8, 2026
Вечерва ќе се играат два меча од нокаут фазата во Евролигата. Панатинаикос води со 2:1 во победи против Валенсија и со триумф на свој терен ќе стигне до посакуваната трета победа.
Фенербахче води со 2:1 и гостува кај Жалгирис.


