Алиоски: Ќе го оставиме срцето на терен против Португалија за да дојдеме до целта

Езџан Алиоски заедно со останатите наши репрезентативци се подготвуваат за историскиот дуел против Португалија во вторник.

Нашите момци во наредните часови треба да се упатат кон аеродромот во Петровец од каде што со чартер лет ќе се упатат кон пиринејскиот полуостров.

Алиоски, кој одигра фантастично против Италија даде една навистина интересна изјава за швајцарските медиуми.

„Исфрливме гигант како Италија, но сè уште не сме направиле ништо. Ние ќе го оставиме срцето на терен против Португалија и се надеваме дека ќе дојдеме до посакуваната цел.

Кристијано Роналдо игра на врвно ниво веќе 20 години и не би сакале ништо да расипеме во неговата кариера, но ние сме дојдени со наши пресметки“ изјави Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести