Тотенхем славеше кај Астон вила и избега од зоната за испаѓање

Екипата на Тотенхем цели четири месеци немаше победа во Премиер лигата, а сега врза два триумфи во само неколку дена. По победата над Вулверхемптон на гости со 1:0, Тотенхем вечерва славеше и во Бирмингем против Астон вила и тоа со 2:1.

Со оваа победа, тимот од Лондон стигна до 37 бодови по 35 кола и се искачи на 17-тото место на табелата, последно кое носи спас. Сега Вест хем падна на 18-тото место со 36 бодови. Астон вила по овој пораз остана на 58 бодови и е на петото место, со речиси загарантиран пласман во Лига на шампиони за следната сезона.

Фуриозно започна Тотенхем на теренот на стадионот „Вила парк“ и со голот на Галахер во 12 минута поведе со 1:0. Веќе во 25 минута беше 2:0 за Тотенхем, кога погоди Ришарлисон.

До самиот финиш на мечот, Тотенхем ја чуваше оваа предност од два гола, а во 90+6 минута Астон вила постигна погодок преку Буендија, но домаќините немаа време да се спасат од пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести