Слот револтиран: Цела сезона ни се случува ВАР одлуките да бидат против нас

Манчестер јунајтед со 3:2 го доби дербито против Ливерпул и гигантот од „Олд Трафорд“ си обезбеди сигурно место во Лига на шампиони за следната сезона. Возбудлив беше дуелот на дват анајтрофејнио клубови во Англија. Манчестер водеше со 2:0, потоа Ливерпул израмни на 2:2, но домаќините на крајот постигнаа и трет погодок и ги освоија трите бода.

По средбата, тренерот на Ливерпул, Арне Слот беше разочаран од судењето, посебно од одлуките во ВАР собата. Контроверзен момент беше кога Шешко погоди за 2:0, а сомнително беше дали Словенецот играше со рака пред да постигне погодок. Слот вели дека редовно, ВАР одлуките одат контра Ливерпул оваа сезона.

„Не е никакво изненадување дека ако дојде до ВАР интервенција, одлуката да биде против нас. Тоа ни се случува во текот на целата сезона. Ако Шешко играше со рака, голот требаше да биде поништен“, револтирано реагираше Слот по поразот од Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести