Алиоски ќе победи, Димитриевски веројатно тесно ќе загуби

1958 Фенербахче – Сиваспор (18.00 часот)

Гигантот од Истанбул, кој е лидер на табелата во турската Суперлига, не би смеел да киксира дома против екипа која собра само 10 бода во 12 кола и има два порази по ред. Фенер на 11 меча даде 34 гола, што е просек од малку повеќе од три погодоци по меч. Алиоски и другарите имаат низа од четири победи по ред, со нов триумф би се зацврстиле на врвот. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие тимови завршија со истиот резултат 1-1, а сезона пред тоа беше 1-1- и 1-2. Фенербахче уште од март 2019 нема победа над вечерашниот ривал.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.89)

 

2806 Митјиланд – Нордсјиланд (19.00 часот)

Нордсјиланд е првопласиран во данското првенство и ако победи, на вториот Виборг ќе му побегне пет бода, а на Копенхаген дури 10 бода. Нордсјиланд е тим со најдобра одбрана во лигата, а со Митјиланд имаат еднаков број голови. Во минатата сезона, двата меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа нерешено со голови во двете мрежи, нема да биде чудо ако се повтори истото сценарио.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.85)

 

3020 Реџина – Џенова (20.30 часот)

Реџина и Џенова се тимови кои имаат амбиции да влезат во Серија А, па ова е дерби на колото во втората италијанска лига. Џенова има само еден пораз во 11 кола, а Реџина има само еден нерешен резултат по 11 одиграни средби. Реџина во последните три кола освои само еден бод, Џенова е во подобра форма, освои седум бода во последните три кола. Џенова скоро два месеца не знае за пораз. Последниот меѓусебен дуел овие два клуба го имаа пред 13 години.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.03)

 

1720 Мец – Сент Етјен (20.45 часот)

Мец е во лоша форма, освои само еден бод во последните три кола, а Сент Етјен е претпоследен на табелата во второлигашката конкуренција, но победи во претходното коло. Мец дома игра променливо, исто како и Сент Етјен на гости. Сент Етјен уште од 2015 година нема победа над Мец, а на последните две гостувања на Светците во Мец, се одиграа мечеви со 0-2 гола.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.59)

 

1310 Рајо Валјекано – Реал Мадрид (21.00 часот)

Реал на ова гостување кај Столе Димитриевски и другарите ќе биде без Бензема, Крос и Рудигер, но екипата на тренерот Анчелоти сака со победа да се искачи на прво место. Рајо е во добра форма, во последните четири кола имаше по две победи и ремија, па на гостите нема да им биде лесно на тесниот „Валјекас“, на кој лани победија со гол на Бензема во 83-тата минута. Рајо дома нема загубено уште од август. Последните два меѓусебни дуели на овие екипи кога Рајо беше домаќин завршуваа само со по еден постигнат гол. Традицијата вели дека ќе има победник, никогаш не било нерешено.

Предлог тип: 2 & 1-3 (2.60)

- Оглас -

Најнови вести