Алиоски објасни како Лидс успеа да го победи Манчестер сити на гости

Езџан Алиоски беше еден од хероите на Лидс во неочекуваната победа на гостински терен против Манчестер сити. Македонскиот репрезентативец имаше фантастична асистенција за победничкиот гол на Лидс и тоа во 91 минута.

https://streamable.com/3m6r9u

Подвигот на Лидс има уште поголема вредност ако се знае дека гостите во целото второ полувреме играа со фудбалер помалку, по исклучувањето на еден соиграч на Алиоски. По завршување на дуелот, Алиоски  преку својот твитер профил, во неколку зборови објасни како Лидс успеа да го победи Манчестер сити на негов терен.

„Срце! Карактер! Каква добра игра“, напиша Алиоски во постот по победата во Манчестер. Лидс сега врза три победи во низа во Премиер лигата, за прв пат по цели 19 години.

Алиоски има фантастични 10-тина дена кои сигурно засекогаш ќе ги памти. На 31 март, популарниот Џани во дресот на македонската репрезентација со 2:1 се радуваше на победа и тоа на теренот на најтрофејната европска селекција Германија, а сега со ист резултат победи на теренот на најверојатно новиот англиски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести