Алиоски по сите изгледи ќе го напушти Лидс

Езѓан Алиоски по сите изгледи ќе го напушти Лидс јунајтед по крајот на сезоната, откако понудата од управата околу новиот договор не ги задоволи условите на македонскиот репрезентативец.

Иако Алисоки во повеќе наврати тврдеше дека е среќен во Лидс и сака да остане член на премиерлигашот, дури има поддршка и од менаџерот Марсело Бјелса, но се чини дека управата нема толку доверба во одличниот Џани.

Сезонава во 23 меча во Премиер лигата, Алиоски беше стартер на 18од нив и запиша два погодоци, а во главно играше на позицијата лев бек.

За него од претходно интерес покажа Галатасарај, но сега откако е слободен за преговори се очекува и други клубови да влезат во трката за потписот на нашиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести