Алиоски пред преселба во редовите на турскиот шампион?

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски, повторно се најде на радарот на Трабзонспор, и големи се шансите популарниот Џани по јунскиот циклус во Лигата на нациите да го оствари трансферот во редовите на актуелниот турски шампион.

Трабзон беше опција за Алиоски во периодот кога го напушташе англискиот премиерлигаш Лидс, но кариерата ја продолжи во Ал Ахли каде минатата сезона оствари учинок од 6 гола и 8 асистенции.

Доколку Трабзон и Ал Ахли најдат заеднички јазик, Џани ќе има прилика да се бори за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите во новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести