15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Алкалоид со една нога во осминафиналето на Европската лига

Уште кога се дозна дека двата меча од 16-финалето на Европската лига ќе се играат во Скопје, можеше да се претпостави дека во австриски Вест Виена биле свесни дека се далеку послаби од Алкалоид, а тоа се потврди и вечерва во салата „Автокоманда“ која беше украсена со голем број македонски знамиња.

Алкалоид ги совлада Австријците со 38-27, а реваншот е утре, повторно на истото место, кога ќе треба само да се потврди пласманот на македонскиот тим во следната фаза на третото по квалитет клупско натпреварување во Европа.

Вечерва најефикасни во тимот на тренерот Кирил Лазаров беа Петковски со 9, Серафимов со 8 голови, Митев со 7 и Бинго со 6. Добри беа и голманите Галевски со 9 и Трајковски со 6 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести