Алкарас одигра само два гема во Рио де Жанеиро и се повлече од турнирот (Видео)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас по само два одиграни гемови го предаде мечот од првото коло на турнирот во Рио де Жанеиро, Бразил, против Тијаго Монтеиро, и ги загрижи своите фанови.

Уште во вториот поен на мечот, Алкарас при обид да дојде до топчето, незгодно падна, со повреди скочниот зглоб и го предаде мечот несакаајќи да ризикува потешка повреда. Интересно е што падот наликуваше на оној на Александер Зверев од Ролан Гарос кога неколку месеци мораше да пауза. Но, за разлика од Зверев, повредата на Алкарас не е толку сериозна.

https://twitter.com/i/status/1760110343978643921

„Не е ништо страшно, физиотерапевтите ми рекоа дека не е сериозно. Почувствував голема болка кога паднав. Во тие моменти лошо се чувствував и знаев дека може да ги искомпликувам работите ако продолжам. На мојот тим му реков дека ќе пробам да одиграм два гема и ако не можам да продолжам, ќе го предадам мечот. Да го продолжев мечот, ќе беше многу полошо“, изјави Алкарас по мечот.

Алкарас пред себе има десетина дена да се опорави од повредата и да биде подготвен за егзибицискиот меч против сонародникот Рафаел Надал кој е закажан за трети март во Лас Вегас, САД, во организација на Нетфликс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести