35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Алкарас преку Димитров до осминафиналето на Мастерсот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас се пласира во осминафиналето на турнирот од мастерс серијата 1000 во Мадрид, откако во два сета го елиминира Бугаринот Григор Димитров.

Бранителот на трофејот и втор тенисер на АТП ранг-листата, славеше со 6:2,7:5 за 92 минути игра. Алкарас во првиот сет, два пати го одзеде сервисот на Димитров и без проблеми го реши со 6:2.

Во вториот сет, двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис во првите пет гема, по што Димитров прв направи брејк и поведе со 4:2. Шпанецот веднаш направи рибрејк и се врати во игра. Тенисерите го чуваа својот сервис до 11-от гем кога Алкарас повторно направи брејк и поведе со 6:5,а потоа на свој сервис, ја искористи втората меч топка.

Шпанецот во осминафиналето ќе игра против Александер Зверев кој на Французинот Грение му дозволи да освои само еден гем.

- Оглас -

Најнови вести