Алкарас провоцира: „Ѓоковиќ е најдобар само статистички“

Карлос Алкарас настапот на турнирот во Рио де Жанеиро го заврши само по два гема поради повреда, а неговиот настап во Бразил се поклопи со интервјуто кое го објави шпансиот весник „Марка“. Шпанскиот тенисер одговараше на неколку прашања, а неизбежен дел беа и прашањата поврзани со Новак Ѓоковиќ.

„Кога последен пат плачев по пораз? Мислам дека кога Ѓоковиќ ме победи во полуфиналето на завршниот АТП мастерсот во Торино. Мислам дека секој има своја перцепција за тоа кој е најдобар во историјата. За некој тоа е Ѓоковиќ, за некој Надал, за некој Федерер. Рафа рече дека за него Ѓоковиќ е најдобар само по бројките. И јас го мислам тоа. Нема сомнеж дека статистички Ѓоковиќ е најдобар во историјата. Сепак, потребно е нешто повеќе за да се одреди кој е најдобар на сите времиња. Надал, Федерер и Ѓоковиќ се тука некаде и според мене сите тројца се великани“, беше одговорот на Карлос Алкарас без конкретно да одговори кој е најдобар во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести