Алкарас прво бегаше од пчелите, а потоа го растури Зверев (Видео)

Карлос Алкарас и Данил Медведев се пласираа во полуфиналето на Мастерс турнирот Индијан Велс во САД откако двајцата славеа со 2:0 во сетови. Алкарас беше подобар од Зверев, а Медведев го победи Холгер Руне.

Дуелот меѓу Алкарас и Зверев имаше невообичаен тек. Само што беа одиграни првите два гема, на теренот се појавија рој пчели. Алкарас сакаше со рекетот да ги избрка, но само дополнително ги налути, па Шпанецот немаше друга опција, освен да избега од теренот. Судијата го прекина мечот затоа што пчелите почнаа и да напаѓаат. Боцнати беа и Алакрас, но и судијата.

Откако се смири ситуацијата, мечот продолжи, а Алкарас доминираше. Првиот сет го доби со 6:3, а во вториот беше уште поубедлив и славеше со 6:1.

„Беше чудно. Никогаш претходно немав видено такво нешто на тениски терен. Наезда на пчели претходно сум гледал само на телевизија. Овој меч ќе го памтам цел живот поради пчелите. Нема да лажам, малку и се плашам од пчели“, рече Алкарас по мечот.

Во полуфиналето, Алкарас ќе игра против Медведев, кој со 7:5, 6:4 беше подобар од Руне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести