Алкарас: Синер е најдобар тенисер на светот во моментов

Томи Пол – Данил Медведев и Карлос Алкарас – Јаник Синер се двете полуфинални двојки на тенискиот Мастерс во Индијан Велс, а со особено внимание се очекува утрешниот дуел на Шпанецот и Италијанецот.

Алкарас за својот утрешен противник, смета дека е најдобар тенисер во светот според моментната форма.

„Ќе уживам во натпреварот бидејќи сакам да играм со него. Очигледно ова ќе биде голем предизвик. Морам да се борам со најдобриот играч во светот во моментов“, изјави Алкарас во интервју за еден Јутјуб канал.

Синер (22) е на третото место на најновото рангирање на АТП листата, а Алкараз кој е две години помлад, е втор, веднаш зад Новак Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести