Карлос Алкарас не успеа да дојде до златниот медал на Олимписките игри и во финалето загуби од Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови. Ниту еден тенисер не успеа да направи брејк, па двата сета беа решавани во тај-брејкот, каде србинот доминираше.
„Болно е да се загуби на овој начин. Имав шанси да останам во натпреварот, не ги искористив. Новак играше одлично, го заслужи ова. Во тешките моменти го крена своето ниво, имаше неверојатни удари. Ова беше неверојатен меч.“ – рече Карлос Алкарас со солзи во очите после загубеното финале.