Алкарас има нова мисија, да му го „украде“ единственото злато кое му фали на Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас не ја започна новата сезона како што посакуваше, откако на гранслем-турнирот во Мелбурн беше елиминиран уште во четвртфиналето.

Младиот талентиран и амбициозен Шпанец има трофеи од гранслем-турнирите во Њујорк и Лондон, но оваа сезона вели дека има поважен турнир од стандардни четири најголеми тениски турнири во сезоната, а тоа е настапот на Олимписките игри во Париз.

„За мене е сон да освојам медал за мојата земја, а освојувањето злато е една од најголемите работи кои може да се случи во светот на спортот. Оваа година ако треба да одберам, во фокус прво ми е освојувањето на златен медал на Олимписките игри во Париз. Секако, не би се откажал и од трофеите на грандслем-турнирите, но Игрите ми се во прв план. Јас сум момче кое сонува повеќе сонови и многу сум амбициозен. Би сакал да бидам најдобар во светот и најдобар во историјата. Уште мислам на 24-те гранлдслем-турнири што ги има освоено Ѓоковиќ. Тоа ме мотивира уште повеќе да давам 100 отсто секој ден и да одам на турнири на кои треба да победувам“, вели Алкарас, кој моментално е во Буенос Аирес на првиот АТП-турнир на земјена подлога.

- Оглас -

Најнови вести