Алкарас на моќен начин испиша историја, на Индијан Велс испадна уште еден фаворит

Карлос Алкарас продолжува со одличните игри на Индијан Велс и се пласира во четвртфиналето откако без многу проблеми со 6:3, 6:3 го победи унгарскиот ривал Фабијан Марешан во меч кој траеше едвај еден час и 17 минути.

Во текот на целиот меч, младиот Шпанец го контролираше резултатот и на крајот стигна до очекуваната победа. За Алкарас ова е и посебен момент затоа што стигна до јубилејната 50-та победа на Мастерс 1000 турнирите и тој е втор тенисер во историјата кому тоа му успеало пред да наполи 21 година. Претходно тоа го имаше само Рафаел Надал.

За разлика од Алкарас, Гркот Стефанос Циципас неочекувано беше елиминиран и тоа од чешкиот тенисер Јиржи Лехечка со 6:2, 6:4. Дури три пати чешкиот тенисер успеваше да направи брејк на сервис на противникот, а ниту еднаш не му дозволи на Циципас да стигне до брејк.

https://twitter.com/i/status/1767637792224428294

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести