Алкарас се мачеше два сета, но без загубен сет ја почна одбраната на титулата на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас со 7-6, 7-5, 6-2 го победи Естонецот Марк Лајал (269-ти на АТП-листата) во првото коло на гренслемот Вимблдон, каде што Алкарас ја брани титулата од лани.

Во првите два сета популарниот Карлитос се мачеше, му требаа речиси по еден час игра за да ги освои тие сетови, а потоа, кога поведе 2-0, му беше полесно и беше убедлив во третиот сет.

По мечот, Алкарас изјави дека бил изненаден од добрата игра на Естонецот, против кого во иднина очекува повторно да игра, а призна и дека бил нервозен играјќи на централниот терен бидејќи му се вратиле сеќавањата од ланското спектакуларно финале против Новак Ѓоковиќ играно токму на тој терен.

Во втората рунда Алкарас ќе се сретне со Австриецот Офнер или Австралиецот Вукиќ.

- Оглас -

Најнови вести