Алкарас смета дека Ѓоковиќ е најдобар глумец меѓу тенисерите (Видео)

Тениски канал на социјалните мрежи објави интересно видео со одговори на тениски ѕвезди во една анкета во која прашањето беше кој е најдобар актер меѓу тенисерите и тенисерките.

Карлос Алкарас рече дека Новак е добар глумец и тоа е нешто што може да биде и двосмислено и толкувано на разни начини, со оглед на нивното ривалство последните години и критиките кон Србинот дека „лажира“ повреди, по кои чудесно закрепнува и игра како ништо да не било.

Ѓоковиќ го одбра Андреј Рубљов, за кого мисли дека би бил добар во некој акционен филм, а од тенисерките најдобра актерка за него е Арина Сабаленка.

Погледнете ги останатите одговори на тениските ѕвезди:

- Оглас -

Најнови вести