Алкарас смисли како да се врати на прво место, но Ѓоковиќ ќе биде број 1 барем до крајот на февруари

Новак Ѓоковиќ има 340 поени повеќе од вториот на АТП-листата, Карлос Алкарас, а шпанскиот тенисер ќе игра на три турнири во февруари, со надеж дека ќе собере доволно поени за да се врати на прва позиција.

Сепак, Ѓоковиќ цел февруари ќе биде на челната позиција на светската ранг-листа и тоа е доволно да го надмине рекордот на Штефи Граф, па веќе ќе нема ниту тенисер, ниту тенисерка кој(а) бил(а) подолго на врвот на Србинот.

Алкарас може да биде прв на шести март, но мора да освои два од трите турнири на кои ќе игра во февруари.

Ѓоковиќ ќе го нема на американската турнеја во Индијан Велс и Мајами, но нема ни да добие, ни да загуби поени, а таму Алкарас брани дури 1.360 поени.

Освен Алкарас, првото место на Новак може да му го одземе и Стефанос Циципас ако дојде до финале или ги освои турнирите во Ротердам и Акапулко, а во март Гркот брани само 135 бода.

Теоретски, на почетокот на април, кога стартува сезоната на турнири на земјена подлога, Ѓоковиќ може да биде прв, но и четврти. За него првото место веќе нема да биде приоритет, бидејќи ќе биде апсолутен рекордер, па фокус ќе му бидат гренслем-титулите.

- Оглас -

Најнови вести