Алмерија и после 17 кола сезонава не знае за победа

Заврши серијата од осум меѓусебни дуели на Алмерија и Мајорка во кои секогаш имаше победник. Денеска овие две екипи одиграа без голови 0-0.

Алмерија има низа од 20 меча по ред без победа. Не славеле уште од 20-ти мај, кога со 3-0 ја совладаа токму Мајорка, во финишот на минатата сезона. Сезонава, во досегашните 17 меча Алмерија има 12 порази и пет ремија, и тие се единствен тим без победа сезонава во Топ 5 лигите во Европа.

Мајорка се испраксира за ремија. Ова е нивен деветти нерешен резултат во 17 кола сезонава.

- Оглас -

Најнови вести