Алмерија му се израдува на Реал Мадрид по 7 години и веднаш му даде гол (Видео)

Ларџи Рамазани ја израдува публиката на „Медитеранео“ со гол за Алмерија во седмата минута против актуелниот шпански и европски првак Реал Мадрид во премиерниот меч за двете екипи во новата сезона во Ла Лига.

Алмерија нема играно со Кралскиот клуб од 2015 година, а на првиот меѓусебен меч по 7 години, симболично им дадоа гол во седмата минута.

Голот на Рамазани можете да го погледнете ОВДЕ.

Алмерија има 10 меча без победа во серија против Реал Мадрид, а последен пат го победија најуспешниот европски и шпански клуб во 2008 година, кога дома славеа со 2:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести